germanija

13.02.2024 Скопје

Во Германија, сопствениците на малите и средни компании сè повеќе немаат кому да му го доверат управувањето со компанијата – во моментов речиси една третина од сопствениците имаат најмалку 60 години и бараат наследник.

Уделот на претприемачи кои бараат некој кој ќе го преземе нивниот бизнис скокна од 35 на 41 отсто во последните шест години, покажува новото истражување на германската државна развојна банка KfV.

Во исто време, се очекува дека проблемот само ќе се влошува.

„Јазот во секторот за мали и средни претпријатија расте“, рече Фрици Колер-Гаиб, главен економист на KfV.

„Демографските промени се такви што се зголемува бројот на постари претприемачи кои размислуваат за потенцијален наследник“, вели Колер-Гаиб.

Имено, наталитетот паѓа, додека најнаселената бејби бумер генерација полека заминува во пензија. Покрај тоа, генерално го ослабува интересот на младите да започнат или преземат бизнис.

Само до крајот на оваа година, околу 224.000 сопственици на мали и средни претпријатија планираат да заминат во пензија, што е шест отсто меѓу 3,81 милиони германски компании со до 500 милиони евра годишен обрт.

Во првата половина од минатата година, речиси три четвртини од анкетираните сопственици изјавиле дека им е тешко да најдат наследник.

Помал дел од испитаниците, околу 30 отсто, главната пречка за предавање на работното место ја гледаат во трошоците за бирократски барања, потоа правниот лавиринт 28 отсто и финансиските проблеми 16 отсто. Анкетата овозможи повеќе избори.

Затоа, многу сопственици одлучуваат да затворат: до крајот на оваа година, 97.000 претприемачи или три отсто од нив имаат намера да го сторат тоа. Меѓу нив 63 отсто имаат семејство од кое никој не сака да продолжи со работа.

Истовремено, најголем дел од испитаниците, 57 отсто, велат дека сакаат компанијата да остане во семејството, а 43 отсто се подготвени да ја препуштат на друг претприемач, 28 отсто се подготвени да ја препуштат компанијата на некој од вработените, а 21 процент на косопственик.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author