06.02.2024 Скопје
Полицијата во Карлсруе викендов исклучи еден автобус на релација Дортмунд-Неум, откако беше откриено дека возилото е во катастрофална состојба.
Имено, двокатен автобус со 70 патници застанал на станицата во Карлсруе за да ги земе патниците, но полицијата на станицата забележала дека гумите на автобусот се „очајни“ и дека ретровизорите буквално висат.
Потоа интервенирале и повикале сообраќаен вештак кој го прегледал автобусот и наредил веднаш да биде отстранет од сообраќај.
Според полициското соопштение, најмал проблем биле гумите и ретровизорите кои први ги забележале, а остатокот од автобусот бил вистински хаос. Кога вештакот го прегледал автобусот, открил дека шофершајбната е напукната, каросеријата е во многу лоша состојба, сопирачките се катастрофални, а забележал и проблем со задната оска.
Покрај сето тоа, откриено е дека тројца возачи на возраст од 50 до 55 години имале преголем број на часови на возење.
Иако патниците уште на почетокот се бунеа, кога им беше објаснето што се случува, ја сфатија сериозноста на ситуацијата. Дури откако возачите платија голема казна и обезбедија автобус за замена и нов, одморен возач, им беше дозволено да го продолжат патувањето за Босна и Херцеговина, иако со неколку часа задоцнување.
Подготвено од А.Ѓ.