05.02.2024 Скопје
Финансискиот стрес е најсилниот стрес што го погодува современиот човек, покажа британско научно истражување.
Истражувањето опфатило 5.000 возрасни лица на возраст од 50 и повеќе години. Покажа дека меѓу испитуваните стресори, како што се тешка загуба, инвалидитет, болест и развод, финансискиот стрес се издвојува како најштетен.
Научниците од Колеџот во Лондон и Универзитетот Кинг ја истражуваа врската помеѓу хроничниот стрес и здравствените индикатори кај постарите групи на население.
Испитувајќи четири биомаркери: кортизол, Ц-реактивен протеин, фибриноген и инсулин фактор на раст-1, студијата покажа дека финансиските проблеми ги прават повеќето испитаници со 60 отсто поголеми шанси да имаат „здравствени профили со висок ризик“ во рок од четири години.
Финансискиот стрес најмногу му штети на биолошкото здравје, истакнуваат експертите. Неговото инвазивно влијание врз различни аспекти од животот потенцијално води до семејни конфликти, социјална исклученост, глад или бездомништво.
Подготвено од А.Ѓ.