robert fico premier slovachka

16.02.2024 Скопје

Идејата дека Русија ќе ги напушти Донбас и Крим е апсолутно нереална, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Апсолутно е нереално некој да мисли дека единственото решение за конфликтот во Украина е Русите да се вратат на границата каде што беа пред почетокот на борбите во февруари 2022 година и да го напуштат Крим. Треба да се прилагодиме на новата реалност“, рече тој.

Според него, наивно е да се верува дека Русите ќе го напуштат Донбас и Луганск, но и Крим.

Тој нагласи дека нема воено решение за конфликтот во Украина.

Фицо истакна дека сака крај на војната во Украина или во спротивно бројот на жртви само ќе се зголеми на двете страни.

„Не можам да замислам како ќе изгледа мирот меѓу Украина и Русија, но тоа ќе се случи и ќе биде болно“, изјави словачкиот премиер.

Словачкиот премиер е против испраќањето оружје на Запад во Украина бидејќи смета дека тоа само придонесува за ескалација на ситуацијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author