19.02.2024 Скопје
Февруари оваа година е на пат да забележи најголем број топлински рекорди на сите времиња.
Причината е што, според метеоролозите, поради комбинацијата на затоплување на планетата предизвикано од човекот и феноменот Ел Нињо, температурите на копното и океаните се зголемуваат ширум светот.
„Планетата забрзано се загрева. Гледаме брзо зголемување на температурата во океанот, најголемата климатска топлина“, рече д-р Џоел Хирши, соработник за моделирање на морски системи во Националниот центар за океанографија на ОК.
„Во последните неколку недели се забележани температури кои се за два степени Целзиусови повисоки отколку во прединдустрискиот период“, изјави научникот од Беркли, Зеке Хаусфатер.
Подготвено од А.Ѓ.