20.02.2024 Скопје
Европската комисија започна истрага против TикТок за наводно кршење на правилата на ЕУ за заштита на децата и транспарентност на рекламирањето на социјалната мрежа.
Комисијата истражува дали алгоритмите на TикТок создаваат зависност или таканаречениот „ефект на дупка на зајаците“, односно феноменот дека апликацијата ги преплавува корисниците со слична содржина доколку покажат интерес за некоја тема.
Комисијата, исто така, ги истражува поставките за приватност за малолетниците, како и дали кинеската платформа ја исполнува обврската за складиште на прикажани реклами.
Истрагата се однесува на потенцијални прекршувања на Законот за дигитални услуги (ДСА), релативно нов збир на закони што ги регулираат онлајн платформите. ДСА бара тие да управуваат со различни ризици како што се заштитата на менталната благосостојба и правата на децата.
Законите, исто така, забрануваат употреба на податоци за малолетници за да им се служи насочено рекламирање.
Доколку се покаже дека TикТок навистина ги прекршил тие правила, се соочува со казна до шест отсто од годишните приходи.
Подготвено од А.Ѓ.