zehra gunesh

22.02.2024 Скопје

Како дете сонувала да стане астронаут, а денес е една од најдобрите и најубавите одбојкарки во светот.

Зехра Гунеш (24) е една од најпопуларните и најтрофејните одбојкарки во Турција. Таа е четирикратен шампион на Турција, а има исто толку трофеи во Купот. Три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а двапати е светски клупски шампион. Сето тоа го освои со екипата на Вакифбанк за која настапува од почетокот на кариерата. Таа лани стана европска шампионка со Турција.

Таа игра како среден блокер и според многумина е најдобра во светот. Колку е популарен говори податокот дека на Инстаграм има близу четири милиони луѓе, меѓу кои и Кевин Дурант. Таа стана омилена и ги освои срцата на многу Турци откако им помогна на неколку турски семејства кои ги загубија своите домови поради разорниот земјотрес.

Како дете не покажувала никаков интерес за спорт. Таа е висока 197 см, што и донесе проблеми во младоста.

„Сакав да седам во првиот ред на часовите бидејќи моето образование го сфатив навистина сериозно. Но, тоа им пречеше на другите, па секогаш морав да бидам на крајот од часот. Како дете, исто така, сонував еден ден да станам астронаут, но тогаш прочитав дека тоа не би било возможно поради висината. Сега се смеам на тоа, но се чувствував ужасно во тоа време“, рекла таа еднаш.

Интересно е што за време на Олимпијадата во Токио таа едноставно ги полуде фановите, а предлози за брак доби од бројни Корејци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author