08.02.2024 Скопје
Хрватска доби едно образложено мислење и едно официјално предупредување како дел од овомесечниот пакет за прекршување на европското право.
Комисијата испрати образложено мислење до Хрватска, Данска, Грција и Малта бидејќи не ја почитувале рамковната директива за поморска стратегија.
Хрватска доби официјално предупредување бидејќи не го усогласи своето национално законодавство со европското, во однос на слободното движење на адвокатите и адвокатските канцеларии во ЕУ.
Комисијата смета дека Хрватска не ги усогласила своите закони со директивите за правната професија, услугите и со принципите на слобода на деловно живеалиште.
Комисијата испраќа официјално предупредување до Хрватска, која има рок од два месеци да одговори и да ги отстрани недостатоците што ги посочи Комисијата.
Доколку не добие задоволителен одговор, Комисијата може да и испрати образложено мислење.
Подготвено од А.Ѓ.