10.02.2024 Скопје
Минатата година ЕУ увезе само 42,9 милијарди кубни метри гас од Русија, изјави Тим Мекфи, портпарол на Европската комисија за енергетика.
Мекфи истакна дека во 2021 година добиле 150 милијарди кубни метри руски гас, во 2022 година тоа паднало на 78,8 милијарди кубни метри, а за цела 2023 година паднало на 42,9 милијарди кубни метри.
Од почетокот на руската специјална операција во Украина во февруари 2022 година, ЕУ воведе низа мерки насочени кон намалување на потрошувачката на гас и ограничување на употребата на руските енергетски ресурси во блокот, вклучително и ограничување на цената на гасот, но избегна целосно блокирање испорака на руски гас во Европа.
Подготвено од А.Ѓ.