erdogan poseta zemji od zalivot

15.02.2024 Скопје

Анкара е подготвена да соработува со Египет во реконструкцијата на Појасот Газа, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој е во посета на Египет за прв пат од 2012 година и рече дека краткорочно ќе ја зајакне трговијата со Каиро на 15 милијарди долари.

На заедничката прес-конференција со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси во Каиро, турскиот претседател истакна дека хуманитарната трагедија во Газа е на врвот на агендата на нивните разговори и дека двете земји ја оценуваат соработката во енергетиката и одбраната.

Аналитичарите велат дека посетата на Ердоган е голем чекор во обновувањето на односите меѓу двете регионални сили, кои беа затегнати по воениот удар во Египет во 2013 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author