22.02.2024 Скопје
Од Ургентниот центар ВМА информираат дека еден маж се здобил со сериозни изгореници при експлозија на домашен парен котел, но неговата состојба е стабилна утрово.
Дефектот на бојлерот се случил вчера нешто пред 19 часот, а мажот се здобил со изгореници на околу 50 отсто од површината на кожата.
Од центарот додаваат дека синоќа имало повеќе повредени во сообраќајни незгоди и дека едно лице е повредено со моторна пила, но дека повредите не се сериозни.
Таа служба на ВМА во последните 24 часа имала 540 повици, 614 извршени процедури и прегледи, како и 79 примени на болничко лекување.
Подготвено од А.Ѓ.