indeksi ekonomija

22.02.2024 Скопје

Светската банка ги предупреди земјите во развој дека високите трошоци за задолжување може драматично да влијаат на нивната способност да го поттикнат моментално слабиот економски раст.

Последното предупредување на финансиската институција доаѓа откако продажбата на меѓународни државни обврзници на пазарите во развој достигна рекордни 47 милијарди долари во јануари.

Заменик-директорот на Свкетска банка, Ајхан Косе, на одредени земји им порача дека кога станува збор за користењето земјиште, „сè е драстично променето и дека нивните економии мора да растат многу побрзо“.

„Да имав хипотека со камата од 10 отсто, ќе бев загрижен“, вели тој.

Косе додаде дека може да испадне дека побрзиот раст е недостижен.

Податоците објавени денеска од Институтот за меѓународни финансии покажуваат дека нивото на глобалниот долг ќе достигне нов рекорд од 313 трилиони долари во 2023 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author