12.02.2024 Скопје
Џон Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, сега ќе има поголема улога во администрацијата на Белата куќа.
Кирби ќе има нова функција – советник за комуникации поврзани со националната безбедност.
Џон Кирби започна со работа во Белата куќа во 2022 година како координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност. Претходно, немаше таква позиција во Советот.
Но, сега, според неговите проширени должности, Кирби ќе раководи посебен тим кој ќе ги координира информациите помеѓу различните американски агенции поврзани со безбедноста.
Кирби е пензиониран адмирал на американската морнарица.
Подготвено од А.Ѓ.