15.02.2024 Скопје
Поради кризата со издавањето на лични документи, Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски ќе поднесе кривична пријава кривична пријава против Оливер Спасовски и против МВР.
Движењето на Димитриевски смета дека неговиот сограѓанин Спасовски извршил две кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и „несовесно работење во службата“.
Од ЗНАМ соопштија дека надлежното министерство водено од Спасовски до средината на 2021-ва не набавувало и не издавало документи со новото уставно име. Исто така МВР и министерот не ги превзеле сите дејствија кои што требало да бидат превземени за навремена набавка на соодветни обрасци за лични документи со уставното име на државата, односно доцнеле со набавката на соодветни обрасци и не ги известиле граѓаните навремено за состојбата, најавува ЗНАМ на Максим Димитријевски.
Тој наведува дека одлуката за кривична пријава за Спасовска била донесена по консултации со граѓаните, членовите и поддрувачите на движењето.
Подготвено од М.Д.