https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/618634743221794

20.02.2024 Скопје

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска изјави дека Советот на скопската Општина Ѓорче Петров на седница одржана викендов изгласал измени на Деталниот урбанистички пан (ДУП) со кој драстично биле зголемени дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“ – од 5 ката плус поткровје, на 20 ката плус поткровје. Таа додаде дека Советот на општината ги изгласал измените без согласност од Град Скопје.

Арсовска најави дека ќе поднесе кривични пријави против градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојковски којшто ги отфрли обвинувањата, како и против министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателката на Советот на општина Ѓорче Петров Ленче Нелоска и за Весна Андрееска – вработена во Министерството за транспорт и врски.

„Нема да дозволиме покрај овие бетонски зданија и изградба на три индустриски објекти од хемиската индустрија како потенцијални катастрофи да се изградат во општина Ѓорче Петров“, рече Арсовска.

Министерството за транспорт и врски исто така денеска ги отфрли обвинувањата на Арсовска велејќи дека тие се „паушални и лажни“.

Подготвено од М.Д.

 

About Author