https://www.facebook.com/photo/?fbid=292723232891714&set=a.292723176225053

10.02.2024 Скопје

Без патен лист, граѓаните кои се во странство нема да можат да се вратат во земјава од понеделник. Во дипломатско-конзулатрните претставништва низ светот има наплив од македонски граѓани, по 300 луѓе чекаат во дворовите на амбасадите. Паниката владее дека дел од нив може да ги изгубат работните места или пак да им се прекине привремениот престој во странство.

Од МНР ќе мобилизираат дипломати да одат на испомош во дкп-ата, да работата и саботи и недели во две смени, за да може да им излезат во пресрет на граѓаните кои заглавиле во странство.  Но доколку некој се затекне на граничен премин, а не успеал да извади патен лист, за такви исклучоци ќе се обидат да излезат во пресрет.

„Ние да се однесуваме како да од 12 февруари на полноќ никој не може да се движи со пасош којшто е со старото уставно име, да се однесуваме како да ќе нема да можеме да имеме алтернативен начин. Но, јас работам паралелно за такви случаи кога граѓаните нема да може да дојдат ни до патен лист, да можат и со тој стар пасош да се вратат и тука се надевам дека ќе имаме разбирање. Работиме на еден резервен план за такви случаи од хуманитарен карактер, ако можам така да кажам, кога граѓаните нема да можат да стигнат до патен лист да можат да се вратат. Но, не сакам да се потпираме на тоа“.

Најголем наплив за патни листови има во Германија, а најверојатно ќе се отворат две мобилни станици во Германија и Италија за побрзо да се издаваат патните листови за нашите граѓани таму. Во оние места каде Македонија нема претставништво ја разгледуваат можноста да воведат систем каде ќе може да се аплицира онлајн, а патните исправи да ги добиваат по пошта.

„Разгледуваме и можност во градовите каде што има поголем број наши граѓани од дијаспората, најверојатно во Германија, Италија и Швајцарија, да поставиме дипломати на аеродромите, односно на агенциите коишто ќе можат да издаваат патни исправи на лице место за да не се малтретираат граѓаните“

МНР нема обврска со Преспанскиот договор да го извести светот без пасош со новото уставно име граѓаните не можат да патуваат. Според министерот Османи, Грција веќе ги известила сите земји.

Но нашите соседи, каде може да се патува само со лична карта, по 12 фебруари ќе одлучат дали македонските граѓани ќе може да патуваат во Србија, Косово, Црна Гора и Албанија со старите лични карти.

Но за излез од земјава, покрај пасошот и возачката, граѓаните ќе треба да ги сменат и сообраќајните дозволи.

Подготвено од М.Д.

About Author