opstina-bitola

29.02.2024 Скопје

Општина Битола го усвои Локалниот акциски план за управување со отпадот.

Планот не само што помага да се откријат главните проблеми и недостатоци во управувањето со отпадот туку и стратешки го дефинира начинот на кој ќе се обезбедат услугите за што е можно повеќе жители, соопштуваат од Општината.

Оттаму објаснуваат дека ќе биде воведен систем за селекција и за собирање посебни текови на отпад, ќе бидат намалени количините органски отпад на депонијата и ќе биде изградена депонија според европски стандарди, со што ќе се подобри квалитетот на водата, почвата и на воздухот во Општината.

Подготвено од М.Д.

About Author