16.02.2024 Скопје
Група демонстранти одржаа протести внатре во зградата на Конгресот, барајќи „итен прекин на огнот во Газа“, а полицијата интервенираше и приведе најмалку 13 лица.
Како што продолжуваат реакциите на американската јавност за израелските напади во Газа, демонстрантите од „Проектот за правда“ се собраа во главниот град Вашингтон да протестираат против Израел и САД.
Повеќе од 100 демонстранти се собраа пред станицата Унион, една од симболичните згради на Вашингтон, и дадоа изјави придружени со транспаренти и пароли „Итен прекин на огнот во Газа“.
Демонстрантите ја повикуваат американската администрација да преземе конкретни чекори за да го спречи раселувањето на Палестинците.
По протестот пред станицата Унион, групата која маршираше кон Конгресот се упати кон зградата „Кон Хаус“ и влегоа околу 15-20 демонстранти.
Тие ја повикаа администрацијата и Конгресот на Бајден да ја замрзнат воената помош за Израел и оддадоа почит на илјадниците цивили убиени во Газа.
Полицијата приведе 13 лица кои го водеа протестот, а демонстрантите кои останаа надвор се разотидоа без инциденти.
Подготвено од А.Ѓ.