19.02.2024 Скопје
Данскиот премиер Мете Фредериксен најави дека Данска ќе ја испрати целата своја артилерија во Украина и ги повика европските земји да испратат муниција и противвоздушни ракети на украинските вооружени сили.
Говорејќи на маргините на самитот за безбедност во Минхен, премиерот на Данска се пожали дека „нема доволно чувство на итност“ во дискусиите на самитот за трансферот на оружје, што на Украина „и треба веднаш“.
Фредериксен рече дека европските лидери честопати ги посочуваат проблемите со производството како главна пречка за зголемување на понудата и сега отвораат нови одбранбени компании за идните потреби.
Подготвено од А.Ѓ.