pance-toskovski

27.02.2024 Скопје

Против шестмина началници во Мнистерството за внатрешни работи е поведена дисциплинска постапка поради непостапување, откако на дополнителниот заменик началник на СВР Скопје од автомобил му била украдена пушката, информираше техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, постапувајќи по пријава во врска со извршена тешка кражба врз возило управувано од страна на полициски службеник од кое е украдена пушка малокалибарка, доделена на сегашниот дополнителен заменик началник на СВР Скопје, констатираше дека се направени низа прекршувања во полициската постапка“, вели Тошковски.

Тој вели дека за ова не била поднесена пријава и бил констатиран прекршек.

„Полициските службеници од ЕНТ-ДО не поднеле кривична пријава и покрај тоа што за пушката имало основано сомневање дека е предмет на сторено кривично дело, потоа не биле извршени минималните проверки, не е известен надлежен јавен обвинител и истата не била дадена на вештачење. Притоа, полициските службеници не констатирале прекршок и не била поднесена прекршочна пријава против лицето кое во тој момент било началник на Секторот за внатрешни работи Скопје. Во насока на целосно расчистување на настанот, против полициските службеници – началник на ЕНТ, Началник на одделение за ЕКР, главен инспектор во ЕНТ, самостоен инспектор за имотни деликти во Центар и Бит Пазар и виш инспектор во ЕНТ поднесена е иницијатива за поведување дисциплинска постапка“, напиша Тошковски на својот фејсбук профил.

Подготвено од М.Д.

About Author