05.02.2024 Скопје
По објавувањето на одлични резултати, но и дивиденда за прв пат во историјата, акциите на Мета, под чија капа работи социјалната мрежа Фејсбук, во петокот пораснаа за речиси 18 отсто.
Мета објави квартална дивиденда од 50 центи по акција, како и зголемување на програмата за откуп на акции од 50 милијарди долари.
Добрата вест за акционерите сигнализира закрепнување на компанијата по падот на приходите од реклами кон крајот на 2022 и 2023 година.
Цената на акцијата се искачи на 464,6 долари во петокот, 17,7 отсто повеќе од затворањето претходниот ден.
Медиумите пренесуваат оптимистички пораки од компанијата.
„Ова беше клучна година за нашата компанија“, рече главниот финансиски директор на Мета, Сузан Ли, истакнувајќи ја зголемената дисциплина во работењето и поефективното рекламирање.
Подготвено од А.Ѓ.