08.02.2024 Скопје
Црна Гора може да стане нова членка на ЕУ во 2028 година, изјави црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во Виенската дипломатска академија.
Милатовиќ изјави дека тоа го поткрепува и фактот што „Црна Гора е економски најнапредна во споредба со другите земји кандидати“.
Тој изјави дека е задржан прозападниот курс на земјата, кој се потпира на три столба – полноправно членство во ЕУ, зајакнување на кредибилитетот како членка на НАТО и негување добрососедски односи.
Според него, во Црна Гора постои силна политичка волја да се стави крај на десетгодишниот преговарачки процес со ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.