crna gora

29.02.2024 Скопје

Црна Гора минатата година ја посетиле 2.613.306 туристи кои оствариле 16.389.279 ноќевања, а најголем број ноќевања забележале туристите од Русија и Србија, објави денеска на својата веб страница црногорскиот завод за статистика Монстат.

Од вкупниот број ноќевања во Црна Гора во 2023 година, 96,3 отсто ноќевања имале странци, а 3,7 отсто домашни туристи, нагласува Монстат.

Во структурата на ноќевањата на странските туристи најмногу ноќевале туристите од Русија со учество од 23,6 отсто и гостите од Србија со учество од 21,5 отсто.

На трето место по бројот на ноќевања во Црна Гора е Босна и Херцеговина со учество од 8,5 отсто.

Во структурата на ноќевањата по видови туристички места, најмногу ноќевања во Црна Гора се остварени во крајбрежните места и нивното учество е 94,3 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author