23.02.2024 Скопје
Цветовите на црешите, кои се симбол на пролетта во Јапонија, процветаа на почетокот на годинава поради повисоките температури во текот на февруари.
Јапонската цреша, позната како сакура, ненадејно процвета, иако се претпоставуваше дека тоа ќе се случи во март или април.
Познатите розови и бели цветови се претежно видливи околу две недели во пролет – феномен на кој туристите од целиот свет сакаат да бидат сведоци.
„Ова се случило и порано, но никогаш до овој степен“, изјави специјалистот за дрвја Хиројуки Вада од јапонското Здружение за цвеќе.
Слична ситуација се очекува и во Токио поради благата зима и повисоката температура.
Подготвено од А.Ѓ.