https://www.facebook.com/photo.php?fbid=485630637096828&set=pb.100069496864980.-2207520000.&type=3

14.02.2024 Скопје

Компанијата Coca-Cola објави дека остварила повисоки приходи од очекуваните во четвртиот квартал од 2023 година, пред се затоа што растот на продажбата во Мексико, Германија и другите пазари ја надомести послабата побарувачка во САД.

Приходите на производителот на пијалоци од Атланта за периодот од октомври до декември 2023 година се зголемија за седум отсто и достигнаа сума од околу 10 милијарди евра.

Тоа ја надмина прогнозата на Волстрит од околу 9,9 милијарди евра.

Приходите на Coca-Cola се зголемија за 10 отсто поради повисоките цени во 2023 година, а американската компанија рече дека тоа делумно се должи на хиперинфлаторните услови на неколку пазари, како што е Аргентина.

Coca-Cola очекува приходите за цела година да растат со поумерено темпо од околу шест до седум проценти, што е помало од минатогодишните 12 проценти.

Обемот на продадени единици е зголемен за околу два отсто во споменатиот квартал од 2023 година, а предничат газираните безалкохолни пијалаци, сокови и „Coca-Cola Zero Sugar“, додека помала побарувачка имаа спортските пијалоци, кафето и чајот, забележува агенцијата.

Компанијата соопшти дека нејзините цени во Северна Америка се зголемиле за осум отсто, и во четвртиот квартал и во текот на 2023 година.

Претседателот и извршен директор на компанијата, Џејмс Квинси, рече дека зголемувањето на цената очигледно погоди некои потрошувачи, кои се со помала веројатност да излезат и да купат главно пијалоци за домашна употреба.

Тој додаде дека Coca-Cola бележи зголемување на куповната моќ на одредени потрошувачи кои се одлучуваат за поскапи пијалоци, како што се млекото „fairlife“, протеински шејкови и „simply“ сокови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author