ungarija zabrana na uvoz od ukraina

19.02.2024 Скопје

Двопартиска делегација на американски сенатори ја посети Будимпешта за да ја повика Унгарија веднаш да го одобри барањето на Шведска за влез во НАТО, но членовите на унгарската влада одбија да се сретнат со нив.

Агенцијата наведува дека американските сенатори претходно најавија дека ќе поднесат заедничка резолуција до американскиот Конгрес со која ќе се осуди наводното назадување на демократите во Унгарија и ќе се повика владата на премиерот Виктор Орбан да ја укине блокадата на трансатлантската интеграција на Шведска.

Сенаторот од Њу Хемпшир, Жан Шахин, на прес-конференција рече дека е разочарувачки што ниту еден член на унгарската влада не ги прифатил поканите да се сретне со делегацијата на САД.

Таа додаде дека „се надева и е оптимист“ оти пристапот на Шведска ќе биде ратификуван на 26 февруари на седницата на унгарскиот парламент.

Сенаторот Крис Марфи од Конектикат рече дека одбивањето на членовите на владата на Орбан да се сретнат е „чудно и вознемирувачко“, додавајќи дека на унгарскиот премиер му останува да го „турка“ гласањето за прием на Шведска во Алијансата.

„Ние сме доволно мудри, во однос на политиката овде, за да знаеме дека ако премиерот Орбан сака тоа да се случи, тогаш парламентот може да продолжи напред“, рече Марфи.

Унгарија е единствената членка на НАТО која не ја ратификуваше кандидатурата на Шведска, поради што се соочува со зголемен притисок, бидејќи за прием на нова земја во Алијансата е потребно едногласно одобрение.

За време на неговото обраќање до нацијата во саботата, Орбан навести дека унгарскиот парламент наскоро би можел да го ратификува барањето на Шведска.

„Добра вест е што нашиот спор со Шведска завршува. Одиме кон ратификација на приемот на Шведска во НАТО на почетокот на пролетната сесија на парламентот“, рече Орбан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author