28.02.2024 Скопје
Цената на нафтата на светскиот пазар порасна за повеќе од еден долар, бидејќи ОПЕК и неговите сојузници размислуваат за продолжување на доброволното дневно намалување на производството во вториот квартал.
Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е повисока за 1,04 долари или 1,2 отсто и сега изнесува 83,57 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 1,02 долари или 1,3 отсто, на 78,63 долари за барел.
Малку порано, извори рекоа дека ОПЕК и неговите сојузници би можеле да задржат дополнителни намалувања на дневното производство на нафта до крајот на годината.
Подготвено од А.Ѓ.