05.02.2024 Скопје
Цената на нафтата на светскиот пазар денеска се зголеми откако Вашингтон најави нови напади врз групите поврзани со Иран на Блискиот Исток, а украинските беспилотни летала ја погодија најголемата рафинерија на југот на Русија.
Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море порасна за 26 центи или 0,3 отсто и сега изнесува 77,59 долари за барел.
Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е повисока за 13 центи или 0,2 отсто и изнесува 72,41 долар за барел.
И двата вида нафта се намалија за околу седум отсто на крајот на минатата недела, откако податоците од Америка покажаа дека стапката на невработеност е помала од очекуваното и дека е постигнат одреден напредок во преговорите меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас.
Инвеститорите и понатаму се загрижени за понатамошна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток бидејќи САД предложија дека ќе извршат нови напади против вооружените групи поврзани со Иран како одговор на смртоносниот напад во кој загинаа американски војници во Јордан.
Подготвено од А.Ѓ.