https://www.flickr.com/photos/charlesfred/3473725671/in/photolist-6hXKBV-aaRyWB-ohhwD6-5u2rP1-R4ZZF7-rH6LFZ-bySM1m-XXoqm1-6UJ2Ur-b8xZ9F-etuihS-2ghWDXN-59jL6B-f3urcr-2mPpWP9-7kVbYA-NCGS1-6CVHtt-LAXnuc-dtTAKJ-8fxga7-2hegKHP-nuDKpW-5CuooH-Ci7yAs-a5wWcD-8oGv7C-9mjBeV-4WpT1m-ZdEca6-oR82de-UDFRg3-BSohPm-2kLsGno-ktfXjj-yW4yUN-ku68a6-7ywhEy-hBx53V-2ncntki-pakn2P-4sig5e-7HY51v-2ncnteG-2ndTsWu-4ZQund-Lo9RH8-ieSU9R-6P5GoA-2nyAu1T

13.02.2024 Скопје

Во Кривичниот законик на Албанија се подготвуваат измени и дополнувања, со кои се предвидуваат законски решенија со кои ќе се регулира сурогат мајчинството.

Локалните медиуми пишуваат дека доколку се одобрат измените на Кодексот, ќе може возрасна жена (сурогат мајка) за финансиски средства или други бенефиции, да даде согласност и по своја слободна волја, да се обврзе да носи во своето тело и да роди дете генетски поврзано или не со мајката нарачувач или корисникот, во полза на лице или брачна двојка/лица кои ќе бидат идни родители на детето по раѓањето и ќе вршат родителски права и овластувања над него.

Оплодувањето или раѓањето во несоодветни/нелиценцирани средини за извршување на такви постапки ќе се казнува со парична казна или со затвор од шест месеци до три години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author