japonija zgolemeno nivo na poleni

27.02.2024 Скопје

Прелиминарните владини податоци покажуваат дека бројот на бебиња родени во Јапонија падна на ново рекордно ниско ниво осма година по ред во 2023 година.

Бројот на новороденчиња е намален за 5,1 отсто во однос на претходната година на 758.631, додека бројот на склучени бракови е намален за 5,9 отсто на 489.281, што е прв пат во 90 години бројот да падне под 500.000. Се очекува населението дополнително да се намалува бидејќи децата родени вонбрачно се ретки во Јапонија.

Портпаролот на јапонската влада рече дека владата ќе преземе „невидени чекори“ за справување со намалената стапка на наталитет, како што се промовирање на зголемување на платите за помладите работници и проширување на можностите за грижа за децата за вработените родители.

Главниот секретар на јапонскиот кабинет, Јошимаса Хајаши, истакна дека следните шест години ќе бидат последна шанса да се промени ситуацијата со падот на наталитетот, бидејќи се очекува до 2030 година да се намали бројот на млади во земјата.

Премиерот Фумио Кишида овој тренд го нарече „најтешката криза со која се соочува земјата“ и претстави низа чекори за поддршка на семејствата кон крајот на минатата година.

Се очекува дека населението на Јапонија ќе падне за околу 30 проценти, на 87 милиони, до 2070 година.

Националниот институт за население и социјално осигурување проценува дека четири од секои 10 луѓе ќе имаат 60 или повеќе години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author