09.02.2024 Скопје
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, верува дека новата влада ќе биде конституирана до средината или крајот на март.
Брнабиќ изјави дека во вторникот е одржана конститутивната седница на српскиот парламент и со тоа роковите почнале да течат, т.е.рокот е 90 дена.
„Верувам дека брзо ќе ги формираме сите институции. Србија има многу работа. Мораме да продолжиме да работиме. Верувам дека владата ќе биде конституирана до средината или крајот на март за да можеме да продолжиме со работа“, изјави српската премиерка Брнабиќ.
На прашањето каде ја гледа својата позиција во новата влада, Брнабиќ одговори „ќе видиме“.
Таа изјави дека нема намера да разговара со никого по усвојувањето на резолуцијата на Европскиот парламент за изборите во Србија и дека ќе поднесе оставка доколку некој од неа побара меѓународна истрага.
Српската премиерка Брнабиќ оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации јасно и аргументирано посочил дека тоа што премиерот на Косово, Албин Курти, му го прави на српскиот народ во Косово е злосторство против човештвото.
Подготвено од А.Ѓ.