velika britanija se namaluva ekonomskiod pad

15.02.2024 Скопје

Економијата на Велика Британија официјално влезе во рецесија, покажуваат бројките.

Секој благ пад на бруто националниот производ во два или повеќе последователни квартали се смета за рецесија.

Бруто домашниот производ (БДП) се намали за 0,3% во периодот од октомври до декември, покажуваат најновите податоци на Британската канцеларија за национална статистика (ONS).

Негативен економски раст е забележан и во претходниот период од јуни до септември (0,1%).

Податоците на ONS се само проценка и се предмет на ревизија. Додека претходните рецесии, како оние за време на глобалната финансиска криза во 2008 и 2009 година, беа долготрајни, оваа веројатно ќе биде блага и краткотрајна.

Како и да е, ова не е добра вест за премиерот Риши Сунак и неговата влада, за кои растот на економијата беше едно од примарните ветувања.

Високата инфлација и зголемените сметки ја намалија потрошувачката моќ на Британците.

Целата ситуација ја одложи невреме, поради што производството беше ограничено, а клиентите останаа дома.

Врнежите во последните три месеци од 2023 година беа далеку над просечните нивоа, што пак влијаеше на бројни економски сектори, вклучително градежништвото и малопродажбата.

„Високата инфлација е најголемата единствена пречка за растот и затоа нејзиното намалување стана наш главен приоритет. Иако каматните стапки се високи, нискиот економски раст не е изненадувачки. Но, постојат знаци на закрепнување“, рече канцеларот Џереми Хант.

„Експертите се согласуваат дека следните неколку години ќе има економски раст, платите се зголемуваат побрзо од цените, стапките на хипотеките се намалуваат, а невработеноста останува ниска“, додаде тој.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author