28.02.2024 Скопје
На инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан во Лондон, Велика Британија го претстави пакетот енергетска и инфраструктурна помош за зајакнување на трговијата и инвестициите меѓу Обединетото Кралство и Западен Балкан, создавање работни места и поддршка на приливот на приходи низ земјите.
На самитот, на кој присуствуваа премиерите на Црна Гора, Косово и Србија, како и бизнис лидери од ОК, британскиот министер за безбедност Том Тугендхат ги истакна потенцијалните деловни можности во регионот.
Вредноста на трговијата меѓу Обединетото Кралство и регионот на Западен Балкан беше 4,5 милијарди фунти во 2023 година и расте, објави британската амбасада во Сараево.
Владата на ОК, исто така, ќе одвои до 4 милијарди фунти за да го зголеми извозот на ОК во регионот преку UK Export Finance, Агенцијата за извозни кредити на Обединетото Кралство која обезбедува гаранции за компаниите од ОК за безбедно тргување во странство.
Оваа финансиска поддршка веќе има видливи придобивки во регионот, како што е 363 милиони фунти за автопатот Моравски коридор во Србија, кој ќе го поврзе индустрискиот град Крушевац со важни трговски центри како Сараево и Бар.
Обединетото Кралство, исто така, ја засили својата заложба за декарбонизација во Босна и Херцеговина со обезбедување на 2,4 милиони фунти финансирање преку Светската банка.
Ова вклучува финансирање на имплементација на два проекти во Босна и Херцеговина кои се однесуваат на преминот од употреба на јаглен, со фокус на реверзибилните извори, биомасата и соларните извори, како и проценка на влијанието врз пазарот на трудот.
Како што растат тензиите низ регионот, Велика Британија, исто така, ќе го зголеми финансирањето на програмата за 10 милиони фунти следната финансиска година за поддршка на просперитетот и безбедноста на регионот – од поддршка на отпорот на злонамерни активности, упади и сајбер-напади, до економски развој и работа со партнери до борба против корупцијата и сериозниот организиран криминал.
Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, се приклучи на конференцијата преку Интернет, а сојузниот министер за енергетика, рударство и индустрија Ведран Лакиќ ќе одржи серија состаноци со претставници на британската влада и британските компании.
Подготвено од А.Ѓ.