zelenski i zaluzhni

10.02.2024 Скопје

Разрешувањето на врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни е внатрешно прашање на таа земја, ЕУ ќе продолжи да го поддржува Киев, изјави портпаролката на ЕУ за надворешни работи Набила Масрали.

„Отстранувањето на врховниот командант е внатрешна одлука на Украина и тоа е всушност привилегија на претседателот. Ние сме посветени на поддршката на Украина се додека тоа е потребно и ќе обезбедиме се што е потребно без разлика кој ги води украинските вооружени сили“, изјави Масрали.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи Олександр Сирски, поранешен шеф на копнените сили на Украина, за нов врховен командант на вооружените сили.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author