05.02.2024 Скопје
ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, кој ќе вклучува ограничувања против поединци и ентитети, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност,Жозеп Борел.
„Подготвуваме нов пакет санкции против Русија. Работата (на пакетот санкции) е во тек, тоа ќе влијае на многу луѓе и институции врз основа на лични мерки, на компании од различни земји кои учествуваат во заобиколувањето на санкциите“, рече Борел на прес-конференција во Варшава.
Тој додаде дека сè уште нема конечен договор за санкции меѓу членките на ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.