12.02.2024 Скопје
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, како одговор на коментарите на Доналд Трамп за Алијансата, изјави дека НАТО не може да биде воен сојуз кој зависи од каприците на американскиот претседател.
Поранешниот американски претседател Трамп сугерираше дека САД можеби нема да ги заштитат сојузниците од НАТО кои не трошат доволно за сопствената одбрана од потенцијален руски напад.
На прашањето да одговори на коментарите на Трамп, Борел рече дека „НАТО не може да биде „а ла карт“ воен сојуз кој зависи од хуморот на американскиот претседател.
Подготвено од А.Ѓ.