24.02.2024 Скопје
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по повод двегодишнината од војната во Украина, рече дека ЕУ е на страната на Киев од почетокот на конфликтот што, како што наведе, преку насилство ја промени историјата на Европа, но не и нејзината географија.
„Одбележуваме две години од руската брутална агресија против Украина. ЕУ е на страната на украинскиот народ од тоа трагично утро што ја промени историјата на Европа, но нема повторно насилно да ја промени нејзината географија“, напиша Борел денеска на платформата X.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев, по повод одбележувањето на двегодишнината од руската агресија врз Украина, а меѓу другите, италијанската премиерка Џорџија Мелони, белгискиот премиер Александре Де Кроа и канадскиот премиер Џастин Трудо.
Подготвено од А.Ѓ.