https://www.flickr.com/photos/127919376@N05/15135408209/in/photolist-p4sVxX-e41D7P-cLE4rh-gTax3R-7KfKut-2XtfrW-cGerZC-2iEqpWy-h1LMxo-2hRG6or-2iYY9xf-2mmmdRU-2iD3xvr-2mmhnMU-g1Yvwu-gqJeKF-bySM1m-292h9eU-7K9UGa-dJkceg-adMiWt-eEHWXz-7JXaXk-MbXAxJ-THgQXb-7KcYUo-6MT6CN-2miFgsb-eiVj8D-7JuJvR-2mrzW6Y-2h1wGoq-2mhhZcb-fGN9uk-cfxCnE-LNsB5Q-Mc1Gmm-s2wgDk-hrVsi1-2mrJGkM-7Kqk9b-eBorph-8oKUAd-h1Hkze-eBuyvX-eF6cPD-Mc1L41-fLh6SQ-2i5Nsbj-azJaJQ

02.02.2024 Скопје

Централната банка на БиХ (ЦББХ) објави ажурирана листа на блокирани сметки на компании во БиХ.

Во новиот извештај за блокирани сметки е наведено дека во БиХ на почетокот на февруари биле блокирани 103.816 сметки на фирми и дека 56.753 фирми имаат најмалку една блокирана сметка.

Вкупниот број на блокирани сметки на фирми во однос на претходниот месец е намален за 236, а бројот на фирми со најмалку една блокирана сметка е зголемен за 70.

Во новиот извештај се наведени компании од сите сфери на општественото живеење, од бизниси, продавници, фризерски салони, бензински пумпи, аптеки, ординации, кафулиња и ресторани, до различни агенции, задруги и компании. Оваа листа вклучува и рудници, месни заедници, општини и спортски здруженија.

Во првиот извештај на Централната банка на БиХ, објавен на почетокот на ноември 2012 година, бројот на блокирани сметки на компании во БиХ изнесува 58.038, додека 35.694 компании имале најмалку една блокирана банкарска сметка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author