28.02.2024 Скопје
Цената на биткоинот во денешното тргување порасна за 4,99 отсто, на 59.023 долари, што е највисока од 20 ноември 2021 година, покажуваат податоците на „Коиндеск“.
Цената на биткоинот се зголеми за повеќе од 8.000 долари од понеделникот, 26 февруари.
Биткоинот е криптовалута измислена во 2008 година од непознато лице или група луѓе по име Сатоши Накамото.
Тоа е децентрализирана дигитална валута без централна банка или единствен администратор, која може да се испраќа од корисник до корисник на биткоин мрежата за директно поврзување, без посредници.
Подготвено од А.Ѓ.