08.02.2024 Скопје
Германската влада се подготвува за евентуална национализација на имотот на руската компанија „Роснефт“ во таа земја, што вклучува удел во рафинеријата „Свед“, соопштија два извори од владата во Берлин.
Германското Министерство за економија веќе ги прави потребните подготовки, а во разговорите на оваа тема во понеделникот учествувале и претставници на руската групација.
Како што пишуваат медиумите уште не е донесена одлука дали се ќе биде завршено со споменатата формална процедура за национализација, која власта секако сака да ја спроведе.
Берлин го стави под надзор имотот на Роснефт во Германија, вклучително и нејзиниот удел од 54,17% во берлинската рафинерија Швед, во септември 2022 година, по рускиот напад врз Украина.
Подготвено од А.Ѓ.