https://www.facebook.com/photo/?fbid=108562897879229&set=a.242934854687309

13.02.2024 Скопје

Белата куќа го притисна Израел да работи на прекин на огнот во Појасот Газа за да ослободи дополнителни заложници кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас и да го забрза протокот на хуманитарна помош за палестинските цивили.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече дека е постигнат одреден напредок во преговорите за воспоставување хуманитарна пауза, но дека е потребна дополнителна работа.

Американскиот претседател Џо Бајден во неделата телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нагласи дека воената операција во градот Рафах не треба да продолжи без план за заштита на цивилите.

Кирби ја поздрави веста дека израелската армија ослободила двајца заложници за време на операцијата на специјалните сили во јужниот дел на градот Рафах. Тој посочи дека не може да има крај на кризата во Газа додека не бидат ослободени сите заложници.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author