mornarica

21.02.2024 Скопје

Властите во Австралија објавија дека ќе ги зголемат средствата за одбранбениот систем за дополнителни 11,1 милијарди австралиски долари (околу 7,25 милијарди американски долари).

Според австралиските власти, во следната деценија се планира набавка на шест воени бродови и 11 нови фрегати, со цел двојно да се зголеми капацитетот на поморските формации подготвени за борбени мисии.

Австралија планира да ги зајакне своите одбранбени капацитети во услови на загриженост поради зголемените глобални геополитички тензии и зголеменото влијание на Кина меѓу некои островски земји во Тихиот Океан.

Министерот за одбрана на Австралија, Ричард Марлс, рече дека планот на владата на крајот ќе придонесе за најголемото зголемување на борбената флота на морнарицата од крајот на Втората светска војна.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author