gvineja

20.02.2024 Скопје

Воените лидери во Гвинеја ја распуштија владата без образложение и најавија дека ќе назначат нова.

Генералниот секретар на претседателот Амар Камара во видео обраќање рече дека секојдневната работа ќе продолжи вообичаено со замениците генерални секретари на чело до формирање на нова влада.

Ибрахим Сори Бангура, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Гвинеја, рече дека членовите на распуштената влада мора да ги вратат своите возила и пасоши што е можно поскоро.

„Нивните телохранители, исто така, мораа да бидат суспендирани, а банкарските сметки на министрите беа замрзнати“, додаде Бангура.

Оваа западноафриканска нација е предводена од воен режим откако претседателот Алфа Конда беше соборен со државен удар во 2021 година.

Западноафриканскиот регионален блок познат како ECOWAS се заложи за брза транзиција назад кон цивилно владеење и изборите се закажани за 2025 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author