12.02.2024 Скопје
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој се опоравува од рак на простата, е префрлен назад во болница во Вашингтон поради итен проблем со мочниот меур и му ги префрли овластувањата на својот заменик, соопшти Пентагон.
Остин беше хоспитализиран вчера поради лекување на „симптоми кои укажуваат на итен проблем со мочниот меур“, рече портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер.
Иако Остин првично имал намера да продолжи да ги извршува „своите должности и одговорности“, подоцна беше објавено дека овластувањето и го префрлил на својата заменичка Кетлин Хикс.
На 22 декември, Остин (70) бил примен во Националниот воено-медицински центар Мериленд Волтер Рид за лекување на рак на простата.
Тој повторно се врати во болница на 1 јануари поради компликации, вклучително и инфекции на уринарниот тракт.
Информациите за неговото хоспитализација беа откриени дури четири дена подоцна, а Пентагон во меѓувреме не прецизираше зошто министерот е задржан на лекување до 9 јануари.
Пред неколку дена беше објавено дека Остин ќе сведочи пред Конгресот на 29 февруари во врска со неговото необјавување на дијагнозата за рак и последователната хоспитализација.
Неговите лекари претходно изјавија дека прогнозата за лекување на ракот е „одлична“ и дека не е потребно дополнително лекување.
Подготвено од А.Ѓ.