23.02.2024 Скопје
Ива од Србија, која сезонски работи на Алјаска, и годинава е будно следена.
Нејзините објави на социјалните мрежи се многу актуелни и оваа сезона, а во нив таа се труди на најдобар начин да им пренесе на луѓето како изгледа оваа работа.
По известувањето од почетокот на сезоната, на крајот на јануари, таа неодамна објави видео за тоа како изгледа одењето на работа.
Мрак, рано утро, вее снег.
„Утрото е 6:40 часот, јас сум во Алјаска за зимската сезона во фабрика за риби. Денеска е 23 работен ден како работиме и само два дена имавме пократко работно време од 12 часа. Инаку, во оваа фабрика има деноноќни смени и двете траат меѓу единаесет и пол часа и дванаесет часа“, потсети Ива во видеото кое го објави на ТикТок.
Како што можете да видите, врнеше прилично многу снег, беше темно, снегулки брзо се насобраа и на нејзината јакна.
„Утрово врнеше многу снег и беше многу студено. Ако дојдете на работа, единствениот пат кога можете да го видите вашиот цимер е токму сега. Тие што завршуваат со ноќна смена одат на појадок, а јас на работа“, рекла Ива и додала дека има проблем да се разбуди рано наутро.
Потоа го снимила влегувањето во самата фабрика.
„За три минути мојата јакна е полна со снег. Тоа се надворешните скали, ги качуваме и влегуваме во фабриката. Не можам да доловам како изгледа процесот на преработка на риба внатре, а ова е само мал дел. Скалите се многу лизгави. Од моментот кога се „чекиравме“ бевме платени. Вака изгледа самото влегување во фабриката“, покажа таа.
Она што најмногу ги интересира нејзините следбеници оваа сезона е нејзината плата.
„Околу 10.000 за сезона, 2-3 месеци, а можеби и до 15.000. Тоа е 5.000 долари за еден месец ако работите 12 часа дневно“, одговори таа во коментарите.
Имаше и такви кои би сакале да ја пробаат оваа работа, а Ива откри дека годинава не примаат нови работници.
@iva_pink_ #posaoaljaska #sezonskirad #aljaska ♬ original sound – 𝕀𝕧𝕒_𝕤𝕒_𝔸𝕝𝕛𝕒𝕤𝕜𝕖🐟
Подготвено од А.Ѓ.