07.02.2024 Скопје
Во Азербејџан денеска се одржуваат предвремени претседателски избори, а гласачите одлучуваат меѓу седум кандидати, меѓу кои и актуелниот претседател Илхам Алиев, кој се кандидира за својот петти мандат.
Набљудувачите и изборните аналитичари очекуваат висок одѕив на гласачите во текот на денешниот ден, кој во Азербејџан е прогласен за неработен.
Аналитичарите наведуваат и дека популарноста на Алиев го достигнала врвот откако тој повторно ја воспоставил контролата на Баку врз спорниот регион Нагорно-Карабах.
Предвремените претседателски избори во Азербејџан се одржуваат врз основа на декретот потпишан од претседателот Алиев на 7 декември.
Редовните претседателски избори требаше да се одржат во октомври 2025 година.
Според азербејџанското законодавство, претседателот на Републиката се избира за мандат од седум години.
Претходните претседателски избори во Азербејџан се одржаа во април 2018 година.
Подготвено од А.Ѓ.