01.02.2024 Скопје
Со етнички фолклор сакаат да допрат до обичниот граѓанин. Ахмети треба да се соочи со неговите скандали, со граѓаните тука и со Jавното обвинителство, со нормални судови што тука ги имаме, а не да го вика Aлбин Курти кој што нема партија во Македонија, рече пратеникот Фадил Зендели од Беса, партија која е дел од албанската опозиција Европски сојуз за промени (ЕСП).
„Не е проблемот во албанската опозиција тоа што Ахмети ја губи контролата на теренот, му сметаат сите што даваат поддршка на албанската опозиција, едноставно проблемот е до него, неговите скандали во семејството и раководството на ДУИ. Владата е техничка поради Пржинскиот договор од некои други времиња. Ахмети сака да го продаде како голем успех за Албанците, ние велиме ок, но зошто Албанците или Македонците ги гледаш како технички, се знае која е целта на техничката влада, а тоа е дека се организираат избори за да бидат фер и демократски. Ахмети сака да профитира врз тоа, донесоа медиуми, аналитичари, дека Албанците добиле нешто големо. Да не зависиме дали некој е Албанец или Македонец, ништо не сме направиле ако не го средиме системот и не функционира“, кажа Фадил Зендели.
Подготвено од М.Д.