23.02.2024 Скопје
Синоќа во Република Северна Македонија стигна уште една пратка обрасци за пасоши со новото уставно име. Станува збор за 140.000 нови обрасци, објави МВР.
Пасошите ги пречека дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на Граничниот премин Богородица, со што според соопштението, бил демонстриран концептот „МВР за Граѓаните” на дело.
Бојмацалиев информираше дека покрај денешната пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што како што најави Бојмацалиев, бројката од 225.000 обрасци се комплетира.
„Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. Исто така, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, со овие што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат 1.734.600”, информираше Бојмацалиев, според соопштението на МВР.
Подготвено од М.Д.