30.01.2024 Скопје
Во Германија минатата година од оптек се повлечени поголем број лажни евро банкноти отколку во 2022 година, објави Гермнаската централна банка.
„Бројот на фалсификувани банкноти повлечени од оптек во 2023 година е зголемен за 28,2 отсто во однос на 2022 година и изнесува 56.000“, се вели во соопштението на Германската централна банка.
Вкупната штета предизвикана од употреба на лажни банкноти изнесува 5,1 милион евра. Истовремено, најголема штета е направена на банкнотите од 200 и 500 евра, преку трговијата со накит, златни прачки, часовници и автомобили.
Банкнотата од 50 евра и натаму е најпопуларна меѓу шверцерите. Дури 38 отсто од сите запленети фалсификувани банкноти се банкноти од 50 евра. После тоа доаѓаат банкнотите од 20 евра.
Меѓу најчесто флификуваните монети се монетите од две евра.
И покрај зголемувањето на бројот на запленети банкноти, фалсификувањето се уште е на ниско ниво, објави Бундесбанката.
„Вкупниот износ на шверцувани пари се уште е, севкупно, на ниско ниво, што значи ниско ниво на опасност за граѓаните“, изјави секретарот на централната банка за фалсификувани пари, Буркхард Балц.
Според податоците на Европската централна банка (ЕЦБ), во 2023 година биле откриени 467.000 фалсификувани банкноти на еврото, што е за 24 отсто повеќе од 2022 година.
Подготвено од А.Ѓ.