16.01.2024 Скопје
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето на Арголскиот залив во Грција.
Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот на земјотресот што се случи во 07:21 часот по локално време бил на 16 километри северозападно од Леонидио на Пелопонез, на длабочина од 14,5 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во Атика, а засега нема информации за материјални штети или повредени.
Подготвено од А.Ѓ.